Меркел повторно почнува преговори за коалиција

Германската канцеларка Ангела Меркел в недела ќе преговара со претставниците на Социјалдемократската партија (СПД), со цел вторпат да се обиде да формира коалиција, откако нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) постигна слаби резултати на изборите во септември минатата година.
Меркел смета, дека повторната коалиција, составена од СПД, ЦДУ, и нејзината сестринска Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), што беше на власт од 2013 до 2017 година, е најдобра опција со цел да обезбеди стабилност во нејзиниот четврт мандат.
Меѓутоа, трите германски партии не се согласуваат за повеќе прашања.
СПД сака целосни реформи во здравственото осигурување со цел да се обезбеди „дуален“ систем.
Меѓутоа конзервативците на Меркел се спротивставуваат на таа идеја и се поскептични од СПД по прашањето за плановите за подлабоки европски интеграции.
Мигрантската политика, веројатно ќе биде едно на најпроблематичните прашања, додека Германија се обидува да интегрира над 1,6 милиони азиланти кои пристигнале од почетокот на 2015 година.
ЦСУ, бара намалување на бенифициите за азилантите и ограничување на бројот на членови на семејствата кои се придружуваат на бегалците во Германија, што е во целосна спротивност со ставот на СПД.
Раководството на СПД е загрижено поради можните внатрешни поделби, одлучно ги изнесуваат тешките барања и истакнуваат дека резултатот на преговорите е отворен.
СДП, на своите гласачи им нуди референдум по прелиминарните преговори, што треба да биде одржан на 21 јануари, пред претставниците на партијата да ги започнат официјалните коалициски преговори.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
