Меркел повторно ја спомена можноста за прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ
Германскиот канцелар Ангела Меркел повторно упати критика до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и напомена дека преговорите за влез на Турција во Европската унија може да бидат прекинати.
- Анкара се повеќе се оддалечува од Европа и нејзините вредности, изјави таа во интервјуто објавено денеска во „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.
Според Меркел иднината на односите со Анкара ќе се разлгедува на ниво на ЕУ во октомври.
- Посветуваме внимание на две точки: прво да не се преговара сега за проширување на царинската унија, второ да се разјасни дали треба да бидат одложени или целосно прекинати преговорите за влез на Турција во ЕУ, додаде таа.
Маркел ги нарече апсењата на германски државјани во Турција „сериозен и неприфатлив“ чекор од страна на Анкара.
- Треба внимантелно да ги разгледаме своите натамошни чекори. Располагаме со повеќе варијанти, додаде таа.
Односите меѓу Германија и Турција се влошија под влијание на повеќе фактори, меѓу кои и апсењата на германски државјани од страна на турските власта. Станува збор најмногу за новинарот од весникот „Велт“, Дениз Јуџел, преведувачката Мешале Току и активистот Петер Шојтнер.
Според податоци на германското Министерство за надворешни работи некои од уапсените се осомничени за поддршка на тероризмот и учество во обидот за државен преврат минатата година.
И министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц побара денеска во врска со издавањето предупредување за патување во Германија од страна на Турција, итно да се прекинат претпристапните преговори.
- Предупредувањето за патување во Германија од страна на Турција е нов доказ дека мораат веднаш да се прекинат претпристапните преговори со таа земја. Би било погрешно да се продолжат преговорите со Турција, порача тој преку соопштение.
Курц нагласи дека Турција веќе со години со големи чекори се оддалечува од Европа.
- Од обидот за пуч минатата година повеќе од сто илјади лица се уапсени или отпуштени, потсети тој, додавајќи дека Турција со тоа не го исполнува првиот Копенхашки критериум, основа за водење на преговорите.
Тој потсети дека прекинот на претристапните преговори значи дека ЕУ на Турција повеќе не би и давала претпристапна помош, која е одредена со вкупна висина од 4,4 милијарди евра.
- Што подолго чекаме толку повеќе пари ќе и плаќаме на Турција, нагласи Курц.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати