Меркел по 16 години вчера беше во проштална посета на Франција
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера беше пречекана од францускиот претседател Емануел Макрон во централна Франција, каде дојде да се збогува по 16 години на власт во кои тесно соработуваше со четворица француски претседатели.
– Добро искористете ја пензијата, извикал еден човек на англиски.
По официјалните и формални митинзи на Г20 во Рим и климатскиот самит COP26 во Глазгов, атмосферата меѓу двајцата лидери во Франција беше опуштена.
За прошталната посета на Ангела Меркел, Елисејската палата го избра Бон, град „чии историски споменици и винската култура го илустрираат богатството на француското наследство“, соопшти Елисејската палата.
По прошетката низ историскиот центар, тие ја посетија болницата во Бон, архитектонско богатство од 15 век во готски стил. Во 1993 година, старата болница, светски позната по своето винско земјиште, ги прими Франсоа Митеран и Хелмут Кол за 63-от француско-германски самит.
Но, додека двајцата лидери останале таму на вечера, Макрон и Меркел ќе одат со своите сопружници во замокот Кло де Вужо, симбол на Бургоњ, кој се наоѓа во центарот на винарскиот регион.
Во текот на вечерта Макрон на Ангела Меркел ќе и го врачи Големиот крст, највисокото одликување на Легијата на честа. Овој орден, кој го добиле Конрад Аденауер, Вили Брант, Хелмут Кол и Герхард Шредер, ја претставува цврстината на француско-германското пријателство што го одржува Ангела Меркел, соопшти француското претседателство.
Од претседателските избори во 2017 година, личното и професионалното пријателство меѓу Макрон и Меркел значително напредуваше. Со текот на времето, според многубројните сведоци, тие успеале да изградат цврст однос на доверба.
Во последните месеци францускиот претседател ја пофали посветеноста, трпеливоста и капацитетот на германската канцеларка да слуша.
Пред Макрон, Меркел мораше да се приспособи на многу различните карактери на Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд.
Германската канцеларка ја напушта политиката по формирањето на новата влада, што се очекува во декември. Социјалдемократите (СПД), победниците на парламентарните избори на 26 септември, преговараат за владата заедно со екологистите и либералите. Доколку успеат, ќе ја наследи актуелниот министер за финансии, социјалдемократот Олаф Шолц.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции