Меркел: Неопходно е единство на Европа кога светот се реорганизира
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Минхен истакна дека е неопходно единство на Европа сега кога светот повторно целосно се организира.
Меркел, која како прва германска канцеларка присуствуваше на седницата на владата на покраината Баварија, на прес-конференција рече дека Европа значи „безбедност“ за Германија.
Таа истакна дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со ЕУ е многу важно.
– Светот во моментов се реорганизира. Тоа дека САД ја штитат ЕУ не е веќе нешто што се подразбира. Затоа, единството во Европа е поважно од кога и да е, порача Меркел.
На прашањето дали го поддржува премиерот на Баварија, Маркус Зедер за иден германски канцелар, Меркел потсети дека претходно најави дека нема да се кандидира на следните избори и дека сака да се дистанцира во однос на прашањето кој ќе биде нејзин наследник.
– Затоа не сакам да го коментирам тоа прашање, одговори Меркел.
Ново на Сител
-
Назначени нови директори на ЈСП, ЈП Паркови и зеленило и ЈП Улици и патишта
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка