Меркел нема гајле: Одгледувам зеленчук и издржувам без сон „како камила“

Германската канцеларка Ангела Меркел може долго да издржи без сон, одгледува зеленчук, таа е страстен навивач на националната фудбалска репрезентација, а предметот марксизам тешко го положила - ова се некои од помалку познатите факти за неа, што ги пишуваат европските медиуми во пресрет на парламентарните избори во Германија.
Шеесет и три годишната Меркел за себе вели дека е „како камила“, бидејќи може долго да издржи без сон, а тоа е голема предност при важните разговори во кои се одлучува за некоја вонредна ситуација или во кои светските лидери разговараат за климатските промени, за финансиска криза во одредена држава или водат мировни преговори, пишува германско женско списание.
Освен тоа, канцеларката не претпочита луксузен живот. Таа живее во обичен стан во центарот на Берлин, а има и мала селска куќа северно од главниот град, каде што има своја зеленчуква градина.
Меркел е и страстен навивач на германската фудбалска репрезентација, и често пати е на трибините кога тие играат. Пред самите натпревари, таа лично оди во соблекувалната за да има посака среќа на фудбалерите.
Интересно е и тоа што нејзиниот втор сопруг, квантниот хемичар Јоаким Зауер, не се појавува во медиумите и во јавноста, а за неговите лични политички ставови ништо не се знае.
Изборите во Германија ќе се одржат на 24 септември, а Меркел се надева дека ќе го освои и четвртиот мандат.
Ново на Сител
-

Макрон предлага забрана за користење на социјалните мрежи за лица под 15 години
-

Реакција на адвокатката Ивана Коцевска на употребата на нејзиниот лик на транспарент на „Маршот на ангелите“ во Кочани
-

Дипломатската служба на ЕУ предупредува: Одборот за мир на Трамп концентрира премногу моќ и ги крши принципите на ЕУ
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Франција надмоќна против Португалија, постигна 28 голови во едно полувреме
-

Трамп се закани со 100-процентни царини за Канада доколку склучи трговски договор со Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е штетен за Македонија
-

Филипче: Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата
-

Лажен „лекар од Словенија“ измамил 86-годишна жена од Виница за 30.000 евра
