Меркел не се дистанцира од резолуцијата за геноцидот врз Ерменците

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на лидерот на парламентарната група на Христијанско демократската партија (ЦДУ) му соопшти дека не се дистанцира от резолуцијата на Бундестагот за ерменскиот геноцид во Османлиската империја во 1915, јави ДПА.
Лидерот на ЦДУ, Фолкер Каудер на средбата на партиски членови, потврди дека Меркел на средбата го изложила својот став и потсетила дека ја поддржува резолуцијата, иако во јуни не присуствувала на гласањето во Парламентот. На гласањето, исто така, отсуствуваа и заменик канцеларот Зигмар Габриел и министерот за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер, кои се социјалдемократи.
Штајнмајер, пак, денеска повтори дека признавањето на геноцидот врз Ерменците од страна на Бундестагот, не претставува никаква обврска за Владата, посочува БТА.
Ново на Сител
-

Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
-

Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-

Во исто време има и грип и Ковид-19
-

Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче обвинува за предизборни притисоци
-

Лабудовиќ најавува нов плоштад Феникс во склоп на новата општинска зграда
-

Во Охрид премиера на претставата Парите се отепувачка
