Меркел на 14 септември во Тирана на средба со лидерите на Западен Балкан
Германската канцеларка Ангела Меркел на 14 септември ќе допатува во неколкучасовна посета на Тирана.
Цел на посетата е да се даде нов поттик на Берлинскиот процес започнат во 2014 година, јави дописничката на МИА од Тирана.
– Заедно со премиерот Еди Рама, во Тирана, Меркел ќе седне на иста маса со лидерите на другите земји од Западен Балкан кои го прифатија овој процес, чија цел е да ја олесни регионалната соработка помеѓу шесте земји од Западен Балкан. На средбата нема да биде српскиот претседател Александар Вучиќ, бидејќи се работи само за претседатели на влади, пренесува Топ чанел.
Се додава дека визијата на оваа иницијатива се базира на помагање и исполнување на критериумите за членство во Европската унија.
Најважната компонента на Берлинскиот процес е таканаречената „Агенда за поврзување“, која првично има за цел да ги поврзе шесте земји од Западен Балкан во областа на транспортот и енергетиката.
– Самитите одржани во Германија, Австрија, Франција и Италија помогнаа да се воспостави комуникација меѓу балканските лидери, како и да се дизајнираат неколку инфраструктурни проекти. Одобрените проекти за секоја од шесте земји од Западен Балкан се финансирани делумно од механизмите на ЕУ, а делумно од самите нив, наведува телевизијата.
Ова е вторпат Меркел да дојде во Тирана, по посетата во јули 2015 година.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
