Меркел и Оланд ќе се координираат пред самитот на ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел в петок ќе замине во еднодневна посета на Франција каде што ќе се сретне со својот француски колега Франсоа Оланд, јавува дописникот на МИА од Берлин.
На средбата ќе се договараат позициите на двете земји пред средбата на лидерите на членките на Европската унија закажана за 7 март во Брисел, потврди вчера вечер владата во Берлин.
- Канцеларката планира да ја усогласи позицијата на Германија со позицијата на претседателот на Франција пред средбата во Брисел, изјави Штефан Зајберт, портпарол на германската влада.
На самитот во Брисел в понеделник ќе се зборува за односите ЕУ -Турција во врска со бегалската криза и улогата на Турција како прва дестинација на бегалците кон Европа. На самитот се очекува да учсетвува и турскиот премиер Ахмед Давутоглу кој шт не беше дел од последната средба на лидерите на ЕУ поради терористичките напади во неговата земја.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола