Меркел: Германија не се откажува од политиката на отворени врати
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека фактот што нападите во Германија, за кои одговорноста ја презеде самонаречената Исламска држава, ги извеле двајца мажи кои во оваа земја дошле како бегалци, „ја изложи на потсмев државата која ги прифати“.
На прес-конференција во Берлин, одржана по серијата брутални напади во последните недели, Меркел, сепак, решително одби да се откаже од политиката на „отворени врати“ кон бегалците.
- Напаѓачите сакаа да го поткопаат нашето чуство за заедништво, нашата отвореност и подготвеност да им помогнеме на луѓето на кои помошта им е потребна. Ние тоа одлучно го одбиваме, наведе Меркел.
Германската канцеларка вети дека ќе стори се до крај да ги истражи „варварските напади“, да се дознае кој стои зад нив и напаѓачите да се изведат пред лицето на правдата.
Таа истакна дека Германија тоа им го должи не само на жртвите, нивните семејства и другите Германци, туку и на бегалците.
Меркел додаде и дека Германија ќе стори „се што е во човекова моќ“ да ја осигура безбедноста, иако пред осмислувањето на новите безбедносни мерки мора да се спроведе „детална анализа“.
Ново на Сител
-
Претрес во валандовско, пронајдени бела прашкаста материја и шприц
-
Провалиле кај кавадарчанец и украле 10 литра ракија и пари
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната