Меркел: Европа треба да најде заедничко решение за бегалската криза
Европа треба да најде заедничко решение за бегалската криза, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел во интервју за италијанската телевизија, објавено синоќа, јави ДПА.
- Во заедницата, основана на принципот на солидарност секоја земја треба да придонесе според можностите, рече Меркел.
Според неа изминатите две години е постигнат голем напредок, но има уште многу работи да се завршат.
Таа зборуваше и за папата Франциско, при што ја оцени како мошне инспиративна неговата вчерашна изјава.
Тој вчера се сретна со лидерите на 27-те земји-членки на Унијата пред денешниот самит во Рим посветен на 60 годишнината од потпишувањето на Римскиот договор.
- Кога ги отворивме внатрешните граници, ние не мислевме за зајакнување на надворешните граници. Кога воведувавме единствена валута не бевме подготвени за кризата. Но во моментов го правиме сето тоа преку банкарската унија и стабилизациските механизми. Најважно е сето тоа да се направи во атмосфера на солидарност, рече Меркел.
- Треба да ги гарантираме условите луѓето да не бегаат од своите земји, да ги решиме кризите, како таа во Сирија и тоа да го сториме заедно, додаде Меркел.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња
-
Преглед на вестите од светот