-->
-->
Меркел: Египет е стабилизирачка сила во регионот
-->
Египет е стабилизирачки елемент во регионот, кој е зафатен од криза, изјави вчера германската канцеларка Ангела Меркел пред посетата на Каиро, јави ДПА.
Меркел ќе го посети Египет и ќе разговара со претседателот Абдел Фатах ал Сиси в четврток. Тема на средбата меѓудругото ќе биде нестабилната ситуација во соседна Либија, која го овозможува бизнисот на трговците со илегални имигранти.
Во неделното обраќање Меркел исто така прецизираше дека со египетскиот претседател ќе разговара и за блискоисточниот мировен процес меѓу Израел и Палестинците.
Абдел Фатах ал Сиси ја посети Германија во јуни 2015 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости