Меркел: Договор за Брегзит е сè уште можен
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека договор за Брегзит е сè уште можен, но не е постигнат.
– На подобар пат сме од претходно, но не сме на целта, рече Меркел во обраќањето пред Бундестагот пред заминувањето во Брисел, каде ќе учествува на дводневниот Самит на ЕУ.
Германската канцеларка оцени дека не знае кој ќе биде исходот од Самитот, но најави преговори до „последна секунда“.
Меркел потенцираше дека уреден Брегзит е во интерес на сите.
Претходно, главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние пред евроамбасадорите рече дека британските и европските преговарачи постигнале договор за сите клучни прашања, освен за ДДВ. – Експертите од обете страни постигнаа компромис за царинските контроли, се усогласија за механизам за Северна Ирска и ветија достигнување на ЕУ стандардите во социјалните и еколошките прашања, прицизираше Барние.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест