Меркел до Заев: Договорот е историска шанса за Македонија
Договорот од Преспа нуди историска шанса за Македонија и за зајакнување на добрососедските односи, нагласува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото до македонскиот премиер Зоран Заев.
- На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа „за“ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел, наведува Меркел во писмото до Заев, објавено на веб страницата на германската Влада
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава