Меркел би можела да поднесе оставка во март, смета германски аналитичар
Германскиот аналитичар Михаел Шпренг тврди дека германската канцеларка Ангела Меркел во следните осум недели ќе се најде под голем притисок поради бегалската криза и ќе мора да ја стави под прашање довербата на Владата.
Политичкиот советник и некогашен главен и одговорен уредник на германскиот весник „Билд ам Зонтаг“ смета дека март ќе биде пресуден месец за Меркел поради покраинските избори и Самитот на ЕУ.
- Меркел е во огромна опасност. Може да се случи ситуацијата да се заостри до таа мерка што таа ќе мора да да ја стави под прашање довербата на Владата во Бундестагот, изјави Шпренг за виенскиот весник „Естерајх“.
Според него, германската канцеларка „се движи меѓу два пола - губење на довербата и на власта“.
- Мојата прогноза е дека со ЕУ ќе преговара до последната секунда и ќе утврди дека се што се обидувала било безкорисно. Тогаш ќе се најде компромис кој мора да биде некаде меѓу ограничувањата за прием на бегалци и затворање на границите, нагласува аналитичарот.
Шпренг смета дека нема вистински наследник за Меркел, исклучувајќи го Волфганг Шојбле, кој би можел да биде преоден канцелар до 2017 година, но не повеќе од тоа.
Ново на Сител
-
Во 22 општини градоначалник веројатно ќе биде избран во прв круг
-
Тема на денот со Азир Алиу, министер за здравство
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познат изгледот на гласачкото ливче
-
Уставен нема да поведе постапка за иницијативата на ДУИ
-
Серија средби на министерот Муцунски во Њујорк
-
Ждрепка во ДИК, познато гласачкото ливче за 19 октомври
-
Мицкоски најавува серијал случаи за работата на судии и обвинители