Мерката за самовработување искористена во Берово, Делчево и Пехчево
Лани 40 лица од Берово, Делчево и Пехчево ја искористиле мерката за самовработување.
Според Зоран Биковски, тренер ангажиран преку УНДП и оперативниот план на Владата за вработување, минатата година од тренерите биле посетени 105 семејства во овој регион со цел да се објаснат предностите што им ги нуди оваа мерка на лицата кои се долгорочно невработени, семејства кои живеат во социјален ризик или се жртви на семејно насилство.
- Огласот за самовработување, објавен од Агенцијата за вработување, каде е дадена можност со грант од 3 илјади евра за самовработување, треба да го искористат и лицата кои се во социјален ризик, долгорочно невработени, жртви на семејно насилство..., со цел да не бидат дел од синџирот на наследена сиромаштија, рече Биковски.
Тој потсети дека на овие семејства им е потребна дополнителна обука и едукација за да можат да пресметаат дали нивниот бизнис ќе биде профитабилен и тоа да го направат на еден домаќински начин.
- Од нашето искуство можеме да кажеме дека најмалку десетина семејства кои никогаш не би отвориле сопствен бизнис, денес имаат такси фирми и сендвичарници кои работат со успех, истакна Биковски.
Во Македонија се ангажирани 9 тренери кои треба да им помогнат на лицата да се одлучат на чекор за самовработување. Во Источна Македонија има тројца, кои лани посетиле 450 семејства.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието расправа за измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје