Мерц со критика за самитот Трамп - Путин: Помалку ќе беше повеќе
Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати суптилна критика за начинот на кој американскиот претседател Доналд Трамп го организираше самитот во Алјаска со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека со тоа Москва добила непотребно високо ниво на протоколарен престиж.
Во интервју за германската јавна телевизија АРД, дадено синоќа, Мерц рече дека самитот бил одржан со „голем протокол“ и додаде: „Руските медиуми ликуваат. Малку помалку ќе беше сосема доволно.“
Тој нагласи дека Трамп сепак дејствувал „во рамките на линијата за која претходно разговаравме. И тоа е добар напредок во однос на минатата вечер – и покрај една или две вознемирувачки слики што можевме да ги видиме“.
Канцеларот Мерц не ја исклучи можноста за територијални отстапки од страна на Украина. – Не може да има територијални отстапки пред потпишување на мировен договор, вели тој. Таквиот договор, според него, треба да ја означи и точката во која ќе стапат во сила безбедносните гаранции за Украина.
Дипломатските напори за пронаоѓање решение за мир продолжуваат утре, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе отпатува во Белата куќа по консултации со европските сојузници.
МИА
Ново на Сител
-
Шведска го отпушти селекторот
-
СЗО бара построга политика за алкохолот во борбата против рак во ЕУ
-
Европската комисија ги казни „Гучи“, „Клое“ и „Леве“ со 157 милиони евра поради договарање на цени
-
На Радиологија при снимање на МР на пациент на кислородна поддршка се случил технички проблем, тој е во добра здравствена состојба
-
Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“
-
Тел Авив бара одговор: Хамас предал само четири тела на заложници, наместо сите 28
-
Родителите на загинатите во Пулс: Почивај во мир, Панчо, пренеси им поздрав и порака на нашите ангели
-
Македонија и Словачка потпишаа Меморандум за економска соработка