Мерц: Путин води хибридна војна против Германија, сака да не заплаши и да ни всади страв
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека води „хибридна војна“ во Германија.
- Тој води информативна војна против нас. Тој води воена војна против Украина, а таа војна е насочена и против нас, изјави Мерц за германската телевизија ntv.
Мерц тврди дека рускиот претседател сака да го преврти европскиот политички поредок наопаку.
- И затоа ја поддржуваме Украина, објасни Мерц, додавајќи дека е во интерес на Германија да го брани својот политички поредок и отворените, либерални општества во Европа.
На прашањето дали Путин води војна против Германија, Мерц рече: „Тој води хибридна војна против нас“.
Осврнувајќи се на сè почестите инциденти со беспилотни летала во Германија и низ цела Европа, Мерц рече: „Ја знаеме заканата“, додавајќи дека Путин сака да заплаши и да всади страв.
- Нема да бидеме заплашени и исто така ефикасно ќе се одбраниме од оваа закана, рече Мерц.
На прашањето дали размислувал да му се јави на Путин, Мерц рече дека „секако размислува за тоа, но можам само да видам дека секој обид за разговор со него веднаш завршува со пожестоки напади врз Украина“.
Германскиот канцелар рече дека имал жестока дискусија за тоа со унгарскиот премиер Виктор Орбан на состанокот на ЕУ во Копенхаген минатата недела.
- Тој нè обвини дека не сакаме да преговараме, рече германскиот канцелар.
Мерц му одговори потсетувајќи дека самиот Орбан бил во Киев минатиот јули како претседател на Советот на ЕУ, а потоа и во Москва.
„А одговорот на Путин беше бомбардирањето на детската болница во Киев“, рече тој.
МИА
Ново на Сител
-
Трамп верува дека ќе биде постигнат мировен договор за Појасот Газа
-
Без струја утре дел од скопските населби Аеродром и Ѓорче Петров
-
Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто
-
Без вода утре остануваат повеќе улици во општините Центар и Аеродром
-
ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово
-
Брутална тепачка во Виница, маж со скршен череп и во кома по пресметка пред ресторан
-
Пукање во Куманово, ранет кандидат за советник во Липково
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи, набавени рекордни 80.000 дози