Мерц: Путин користи „стратегија на одложување“ за да избегне состанок со Зеленски
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ја обвини Москва за „стратегија на одложување“ кога станува збор за постигнување мировен договор со Украина.
На состанокот со канадскиот премиер Марк Карни во Берлин, тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин намерно го одложува состанокот со Володимир Зеленски кој би имал за цел да се стави крај на војната.
-Путин смета дека е исправно овој состанок да се поврзе со предуслови кои, од перспектива на Украина, а исто така и од наша и од моја лична гледна точка, се целосно неприфатливи, рече Мерц.
По состанокот со Путин на Алјаска, а потоа и во Вашингтон со Зеленски и европските партнери претходно овој месец, американскиот претседател Доналд Трамп остави впечаток дека е блиску до посредување во мирно решение, рече Мерц.
Состанок меѓу Путин и Зеленски требаше да се одржи во следните две недели, но рокот истекува за неколку дена, со малку знаци дека е блиску до пробив, пренесе ДПА.
Мерц рече дека топката сега е на теренот на Москва.
-Ако руската страна не го преземе овој чекор, тогаш ќе биде потребен уште поголем притисок. Европската унија веќе работи на понатамошни санкции, рече тој.
-Ако не се одржи состанок како оној што беше договорен меѓу Трамп и Путин, тогаш топката повторно е кај нас, изјави Мерц и додаде дека трилатерален состанок меѓу него, Трамп и Зеленски би бил „логичен следен чекор“.
Карни, исто така, го обвини Путин дека се плаши од состанок со Зеленски. Тој рече дека Канада сака да помогне да се обезбеди мир и безбедност во Украина, што е можно само со цврстина и санкции против Русија.
МИА
Ново на Сител
-
Одложувањето на носењето на законот за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени
-
РФМ: Горди сме што Македонија е домаќин на првото издание на Ракометен регионален турнир
-
Пет војни за кои експертите велат дека би можеле да избувнат во следните пет години
-
Почнува Европското првенство во кошарка 2025
-
СВР - Велес со детали за убиството во Кавадарци
-
Задржани четири лица во врска со убиството во Кавадарци
-
Од денеска стапува на сила одлуката на Трамп за двојно зголемување на царините за индискиот извоз
-
Трамп: Ќе воведам економски санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на прекин на огнот