Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава
Германија нема да им се придружи на партнери како Канада и Франција во признавањето на палестинската држава, изјави канцеларот Фридрих Мерц денеска по средбата со канадскиот премиер Марк Карни, јави ДПА.
-Ние нема да се придружиме на оваа иницијатива, рече Мерц на заедничката прес-конференција со Карни во Берлин, додавајќи дека „не сметаме дека условите за признавање на државата се исполнети на кој било начин во моментов“, пренесе германската агенција.
Германија смета дека признавањето на палестинската држава е меѓу последните чекори во решението за две држави во кое Израелците и Палестинците можат да живеат мирно еден покрај друг.
Спротивно на тоа, Карни кон крајот на јули објави дека неговата земја ќе ја признае Палестина на Генералното собрание на ОН во септември. Францускиот претседател Емануел Макрон исто така планира да го стори тоа, додека Велика Британија му се закани на Израел дека ќе го стори тоа доколку не се исполнат одредени услови, потсетува ДПА.
Иако Мерц воведе делумно ембарго за оружје врз Израел како одговор на израелските планови за проширување на војната во градот Газа, тој сега потврди дека Германија нема да ги следи неговите партнери во признавањето на Палестина, дури и откако Обединетите нации прогласија дека се појавил глад во делови од Газа.
МИА
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред