Мерц: Германија ќе одигра одлучувачка улога во испораката на американско оружје на Украина, преку НАТО
Германскиот канцелар Фридрих Мерц синоќа изјави дека неговата земја ќе игра одлучувачка улога во новиот договор меѓу НАТО и САД за снабдување со оружје на Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера направи важен чекор со одобрувањето на испораката на оружје на Киев, рече Мерц.
-Претседателот Трамп и јас разговаравме за тоа неколку пати во изминатите неколку дена. Го уверив дека Германија ќе игра одлучувачка улога, додаде Мерц.
„Украина ќе добие многу големо количество воена опрема благодарение на договорот склучен меѓу НАТО и САД“, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за време на средбата со Трамп во Вашингтон.
Руте конкретно спомена опрема за воздушна одбрана, ракети и муниција, откако американскиот претседател објави договор кој се состои во испраќање оружје од страна на САД за кое членките на НАТО ќе платат.
Трамп, од своја страна, се закани дека ќе воведе многу строги царини против сојузниците на Русија, доколку не се постигне договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.
Ново на Сител
-
Црвен крст и МВР ќе потпишат Меморандум за соработка
-
Украина се повлекува од договорот за забрана на противпешадиски мини
-
Се уште гори на две локации - во Велешко и кај Македонски Брод, пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Пентагон повлекува 2.000 припадници на Националната гарда од Лос Анџелес
-
Почнува изградбата на Ветерниот парк Штип, инвестиција вредна над 500 милиони долари
-
Во ЕУ има двојно повеќе семејства со домашни миленици отколку со деца
-
Трамп: Наскоро ќе бидат испратени царински писма до помалите земји
-
Сончево и многу топло до 39 степени, освежување од петок