МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
Во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа.
Причина за овој прекин се високите напони на 400 киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, информираат од АД МЕПСО.
-Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, соопшти АД МЕПСО.
Оттаму информираат дека нивните екипи продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем.
-Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија, посочуваат од АД МЕПСО.
Ноќеска поголемиот дел од државата краткотрајно остана без напојување со електрична енергија.
Ново на Сител
-
МЕПСО: Поради нискиот транзит на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа
-
Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК
-
Голем дел од Македонија се разбуди во мрак
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени
-
Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор