МЕПСО: Недостигот од електрична енергија не се покрива од увоз
Недостигот од електрична енергија настанат поради исклучувањето на РЕК Битола, причинет од дефект во трафостаницата на МЕПСО, во целост се покрива од домашно производство. Електричната енергија за потребите на системот ја обезбедува и плаќа МЕПСО преку системски услуги кои се предвидени за вакви ситуации, соопшти АД МЕПСО.
За покривање на недостигот од електрична енергија, како што се наведува, не е увезен ниту еден мегаватчас електрична енергија. Од МЕПСО посочуваат дека ова нема да има никакви финансиски импликации врз цената на електрична енергија што ја плаќаат граѓаните.
Од МЕПСО информираат дека денеска поради дефект на елемент од високонапонска опрема во трансформаторската станица „Битола 2“ регистрирана е безнапонска состојба во 14:17 часот. Од тие причини, како што се наведува, автоматски делувала релејната заштита на трансформаторската станица и го исклучила РЕК Битола.
– По брзата реакција екипите на МЕПСО успеаја во 14:43 часот да создадат услови за повторно вклучување на преносната мрежа на „РЕК Битола“ најголемиот производствен капацитет на електрична енергија. АД МЕПСО, во моментов, врши модернизација на високонапонската опрема во ТС „Битола 2“, електроенергетски јазол на кој е приклучен битолскиот рударско-енергетски комбинат, со што во иднина на минимум ќе се сведат ризиците од испади и дефекти, се вели во соопштението од АД МЕПСО.
Ново на Сител
-
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Гевгелија
-
Денеска е Зачнување на св. Ана
-
Мицкоски на поставување камен темелник за изградба на трговски центар во Гевгелија
-
Двајца пилоти на американската морнарица соборени во „пријателски оган“ над Црвеното Море
-
Во Сенатот на САД поднесен предлог-закон за санкции против Турција поради Сирија
-
Кина го нарече Тајван „црвена линија“ и ја осуди новата американска воена помош за островот
-
Сончево со мала до умерена локална облачност, од понеделник врнежи од снег
-
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег