Македонија
29. July 2016 - 15:39

МЕПСО апелира земјоделците да бидат внимателни со опремата за наводнување во близна на далекуводите

АД МЕПСО почна со едукативната кампања за земјоделците од штипскиот и овчеполскиот регион, кои ги наводнуваат своите ниви и ракуваат со опремата за наводнување со земјоделска механизација и со дополнителна опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.

Портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов апелира земјоделците кои со земјоделска механизација поминуваат под трасите на далекуводите од преносната мрежа да ги одбегнуваат, а како што рече, особено да го одбегнуваат безбедносниот коридор и да не поминуваат под проводниците со комабјни или друга робусна механизација.

- Одбегнувајте да поставувате цевки за наводнување во трасите на далекуводите и никогаш не ги поставувајте под проводните јажиња во далекуводните траси. Исто така, не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување на далекуводните тарси и други метални елементи, особено под проводните јажиња, истакна Стојанов.

Тој апелира земјоделците да не поставуваат и прскалки за наводнување на нивите под проводните јажиња и во безбедносниот коридор на далекуводите.

- Секогаш пред да поставите прскалки за наводнување во близина на далекуводната траса направете добра проценка на правецот на ветерот. Допирот на водниот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на лицето кое се наоѓа под трасата на далноводот, вели Стојанов.

ОД МЕПСО апелираат и да не се палата стрништата по завршување на жетвените активности, бидејќи со предизвиканиот пожар во опасност се доведува и се прави голема материјална штета на опремата на далновот. Стојанов забележува дека овие едукативни кампањи кои ги раелизира МЕПСО вродуваат со плод, бидејќи веќе четири години не е забележан случај на загрозување на животот на земјоделците кои опремата ја поставуваат во близина на далекуводите на преносната мрежа.