Менито од последната вечера на „Титаник“ продадено на аукција во Далас
Менито од последната вечера, што им била сервирана на патниците од првата класа на потонатиот прекуокеански брод „Титаник“, е продадено на аукција за сума од 118. 750 долари, пренесоа светските агенции.
Аукцијата беше организирана во американскиот град Далас од аукциската куќа „Херитиџ“.
Колекционерот кој го купил менито од „Титаник“ побарал да остане анонимен, исто како и колекционерот кој го понудил на продажба.
Менито е од вечерата од 14 април 1912 година. Тоа било на маса во ресторанот на „Титаник“, на која седеле петмина бизнисмени. Тие на менито ги напишале своите адреси, додека вечерале остриги, телешко филе мињон, печени патки и други деликатеси. Четворица од овие бизнисмени ја преживеале несреќата на бродот.
„Титаник“ потона на 15 април 1912 година во Атлантскиот Океан по судир со санта мраз за време на своето прво патување од Англија за Њујорк. Во оваа трагедија загинаа околу 1.500 лица.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?
-
Проф. Трајковски: Аерозагадувањето не смее да се прифаќа како нормално
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи