-->
-->
Менди со кауција пуштен од притвор
-->
Фудбалерот на англискиот шампион Манчестер сити, Бенџамин Менди, е пуштен од притвор со кауција спроти судењето под обвиненија за силувања.
Менди, против кого се подигнати седум обвиненија за силување и едно за сексуален напад во врска со пет жени, е пуштен со кауција по вчерашното рочиште кое беше затворено за јавноста.
Францускиот репрезентативец во притвор мина 134 денови по приведувањето на 26 август лани. Судскиот процес против него требаше да почне овој месец, но е одложен за крајот на јуни.
Менди стана најскапиот дефанзивен фудбалер во историјата кога во 2017 година премина од Монако во Манчестер сити за 60 милиони евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
