Менаџментот на ТУИ на разговори во Македонија

Највисокото раководство на еден од најголемите меѓународни тур оператори ТУИ, вечерва, во Охрид ќе разговара со претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ), за досегашните искуства од успешната соработка, но и за услови за дополнителна соработка на полето на организиран туристички промет, како и инвестициски можности во туризмот во правец на негово унапредување во Македонија.
Како што соопштија од АППТ, на работната вечера со директорката на Агенцијата Лела Крстевска ќе присуствува делегација на ТУИ предводена од извршниот директор на ТУИ, ќе присуствуваат и директорот на Националното туристичко здружение на Холандија, директорот на Гаранцискиот фонд за патувања, директорот на ТУИ за Холандија, како и претставници на холандските медиуми. На покана на Агенцијата за туризам, присутни ќе бидат и Никола Бакрачески, градоначалник на општина Охрид и претседателот на Хотелската Асоцијација на Македонија (ХОТАМ), Крсте Блажевски.
На средбата предвидено е доделување на благодарница за соработката на ТУИ, од страна на претставниците на ХОТАМ.
Во моментов во Охрид (23-28 Мај), прв пат се одржува и годинешниот конгрес на 70 најдобри млади туристички работници (студенти на факултетите за туризам во Холандија, кој во организација на училиштата за туризам, Сојузот на тур-оператори, Аеродромот Схипхол и ТУИ- Холандија).
Како што информираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, за овој конгрес Република Македонија е избрана од пет земји кои влегоа во потесен избор, што, посочуваат, е своевидно признание на квалитетот на туристичката понуда и напорите кои Владата ги вложува континуирано со цел подобрување на квалитетот на услугите, стандардите и севкупната понуда на туризмот.
Сезоната за 2016 година се отвори на 3-ти мај, кога пристигнаа 180 туристи од Холандија. Ова е шестта година со организиран туристички превоз, со фрекфенција два до три пати неделно, од мај до октомври, како пристигнуваат туристи од Холандија, а очекувањата се дека годинава ќе се надмине бројот од 30.000 посети на холандски туристи.
Бројот на холандски туристи и оваа година бележи позитивен тренд, при што, бројот на туристи е зголемен за 30 отсто, а бројот на ноќевања за 20 проценти, иннформираат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Ново на Сител
-

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
-

Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму
-

ВМРО - ДПМНЕ: 10:1 е соодносот со СДС по освоени општини во првиот круг
-

Путин: Советниците на Трамп кои бараат санкции за нафтената индустрија на Русија работат против САД
-

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија
-

Обединетите нации одбележуваат осум децении постоење
-

Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско
-

Герапетритис: Западен Балкан треба да се третира со врвен приоритет – европското семејство е единствениот пат
