Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска ќе се одржи 25. Меморијален турнир во мал фудбал, кој се одржува во чест на загинатите припадници на Армијата во 2001 година и загинатите припадници на полицијата од настаните во Куманово во 2015 година.
На турнирот ќе настапат екипи од Армијата, Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи.
На отворањето на турнирот ќе се обратат министрите за одбрана и за внатрешни работи Владо Мисајловски и Панче Тошковски и претседателот на здружението „Херои на Македонија 2001-2015“, Владо Стојановски.
Меморијалниот турнир оваа година е во ко-организација на Министерството за одбрана и Здружението на загинати припадници на вооружените сили на Македонија – „Херои на Македонија 2001-2015“
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
