Ин мемориам: Почина познат македонски новинар

Доајенот на македонското новинарство Борис Поп Ѓорчев, почина денеска по краткотрајно боледување.
Борис Поп Ѓорчев, доајенот на македонското новинарство, е роден во Велес на 22 јули 1933 година. Како професионален новинар е активен од 1953 година во весникот Нова Македонија, кога и станува член на Здружението на новинарите на Македонија. Во неговата богата новинарска кариера има објавено над 22.000 текстови како уредник и коментатор во Нова Македонија, во внатрешно политичка рубрика, во надворешно политичка рубрика, постојан дописник од Москва (од 1975 до 1979 година).
Одликуван е со орден на трудот со златен венец (1980 година), а добитник е на високата државна награда „11 Октомвриʺ (2003 година), „Мито Хаџивасилев Јасминʺ (1984 година), „Крсте Мисирковʺ (1989 година ), „13 Ноемвриʺ ( 2008 и 2010 година ), „Гемиџиитеʺ ( 2009 година ); „Св. Климент Охридски ʺ (2006 година) и други.
Погребот ќе биде одржан на 27 јануари 2016 година (среда) на гробиштата Бутел во Скопје.
Ново на Сител
-

Филипче: Не се плашиме од Груби, кој прекршил закон нека одговара
-

Судење за „Пулс“
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

За првпат од воведувањето на Сејф Сити: Вчера не е фатен ниту еден возач како минува низ црвено светло
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
