Фудбал
18. July 2022 - 18:14

Ин Мемориам: Почина фудбалерот Ѓорѓе Џонов

Македонскиот фудбал денеска е завиен во црно по трагичната вест за смртта на поранешниот фудбалер на Силекс, на Металург, на Беласица и на Кожув, Ѓорѓе Џонов (30) кој почина по долгата борба со рак на белите дробови.
 
Џонов (30) се бореше со ракот на белите дробови, а македонската јавност пред две години се мобилизираше за собирање на неопходните 100.000 евра за негово лекување во Турција.
 
Џонов во текот на кариерата играше за неколку македонски тимови, а последен му беше гевгелиски Кожув.