IN MEMORIAM: Јово Никушев (1931-2017)
Во Скопје почина познатиот фудбалски работник, поранешен фудбалер, тренер Јово Никушев на возраст од 86 години.
Ќе остане запаметен како прв селектор на младата фудбалска репрезентација на Македонија со која оствари неколку убави победи против Данска, Белгија.....
ЈОВО НИКУШЕВ ФУДБАЛСКА БИОГРАФИЈА
Роден 17.1.1931 во Скопје
Многумина од фудбалските работници сметаат дека Јово Никушев се вбројува меѓу најголемите и најуспешните фудбалски имиња во историјата на Македонија
Јово е роден на 17 јануари 1931 година во строгиот центар на Скопје – кај зеленото пазарче.
УШте како дете ја засакува фудбалската топка и како пионер започнува да игра во СК Македонија, клубот кој по фузијата со ФК Победа Скопје прерасна во најголемиот клуб во Македонија.
По неколку години преминува во ФК Пролетер каде со своите другари постигнуваат забележителни резултати. Настапите на Јово ги забележуваат скопските тренери, па така добива покана да премине во тогаш најпопуларниот скопски клуб Металец.
Во Металец настапува заедно со Миле Миланов, Јовица Јовановски, Коки Милошевски, Џинка Цинциевски, Диме Арсовски, ѓуро Ефтимов, Томислав Димовски – Бучки, Петко Стојковски, Круме Андреевски и други познати фудбалски имиња во Македонија.
Со Металец настапува во втората сојузна лига на поранешна Југославија. Металец до ден денес е во срцата особено на најстарите скопјани, бидејЌи игрите на Металец ја освојуваа публиката, а нивните настапи рекордно беа посетувани.
Јово уште како фудбалер со 26 години е назначен и за тренер на екипата, а имал и голем број настапи истовремено и како тренер и како играч.
На тој начин, Јово ја започнува тренерската кариера. Ако како играч бил одличен, како тренер станува едно од најголемите тренерски имиња во поранеШна Југославија и репрезентацијата на Македонија. Тренер е на ФК Работнички во тогаШната силна втора сојузна лига на поранеШна Југославија. Можеби тоа беШе и најсилниот тим во историјата на ФК Работнички.
Јово е човек со тивок нарав, педагог, врвен стручњак, семеен човек. Најчесто работеше во сиромашни клубови, а потоа селектирајЌи играчи и од најниските фудбалски лиги без финансии правеше големи тимови. Извади многу клубови од бездна и направи од нив Шампиони во соодветната лига. Клубовите Работнички, Љуботен, Слога, Југококта,Славија ги направија најдобрите резулати со Јово. БеШе тренер на многу големи фудбалски имиња како Томче Филиповски, ѓоко Стојановски, Данчо Торбаков, Слободан Несторовски, Панде Наков, Јастрад Јаневски, Живко Поповски – Чик, Благоја Стојановски Карпа, Богоевски – Туљко, Чочков, Цеко Видински и др.
Освен клупски тренер, Јово е долгогодишен селектор на аматерската репрезентација на Македонија за време на поранешна Југославија. По осамостојувањето на Македонија Јово Никушев од првото раководство е поставен за прв селектор на младата репрезентација на Македонија. Јово како селектор го постигнува резултатот што до денес не е надминат. Најпрво ги победува младите репрезентации на Бугарија и Естонија со 7:0, а една од најсилните млади селекции на Европа, репрезентацијата на Данска со 5:2. И можеби што е најважно, како селектор прави нешто кое не се гледа често и денес – од единаесет стандардни фудбалери во младинската репрезентација, десет заиграа стандардно во сениорската селекција на Македонија. Тоа е селектор. Тоа е Јово Никушев.
Ново на Сител
-
Судот одреди мерки за претпазливост за четири лица во случајот „Државна лотарија на РСМ“
-
Хрватска ДИК: Се постари се пријавуваат за кандидати за претседател на државата
-
Групацијата 4iG до АЕК доставила писмо за намери за нов мобилен оператор
-
Николоски: Со нов Правилник ќе го зголемиме квалитетот и кванитетот на велосипедските патеки, за следната година ќе предвидеме и субвенции за нови велосипеди
-
Украински медиуми: Рускиот генерал Кирилов е убиен од СБУ
-
Протест на родители пред ООУ „Љупен Лапе“ во Аеродром, бараат да се реши проблемот со небезбедната крстосница
-
Акција за засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош
-
Авион принудно слетал на Бермудите поради свињи и нивната миризба