Мелони вети воена поддршка за Украина, Берлускони ја поддржа

„Мирот може да се постигне со поддршка на Украина… тоа е единствената шанса што ја имаме за двете страни да преговараат“, рече Мелони пред Сенатот пред гласањето за доверба на нејзината новоименувана десничарска влада.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Мелони повторно вети дека ќе му помогне на Киев, додека нејзините коалициски сојузници Силвио Берлускони и Матео Салвини се многу поамбивалентни по ова прашање поради нивните минати врски со рускиот претседател Владимир Путин.
„Иако оружјето што Италија и го испраќа на Украина не е одлучувачко за исходот на војната, тоа е клучно за Италија да го зачува меѓународниот кредибилитет“, рече таа.
Берлускони, кој минатата недела предизвика политички потрес искажувајќи ги своите симпатии за Путин и обвинувајќи го украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ја предизвикал војната, ја поддржа Мелони во дебатата.
Тој рече дека отсекогаш работел на обединување на Москва со Западот, но дека руската инвазија на Украина значи дека тоа сега е невозможно.
„Во таа ситуација, се разбира, ние стоиме со Западот. Мораме да работиме за мир и тоа ќе го направиме во целосна согласност со нашите западни сојузници и со почитување на волјата на украинскиот народ“, рече Берлускони.
Владата убедливо ја доби довербата на Сенатот со 115 гласа за и 79 против. Слично помина во вторникот и гласањето во Претставничкиот дом.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Благоја Ралповски, KСС
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили