Мелничарите нудат 11 денари за килограм пченица

Вкупно 11 денари за килограм пченица прва класа од која се произведува леб, понудија преработувачите на денешната средба со производителите во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која сеуште трае.
Како што изјави Николчо Георгиев од Мак млин, целта на преработувачите е да се дојде до некоја минимална цена што ќе биде прифатлива и за земјоделците.
- Ја понудивме оваа цена зашто толку чини и пченицата во Србија. Нелогично би било да даваме повисока сума ако можеме да купиме поевтино зашто треба да направиме конкурентен производ за домашните потрошувачи, рече Георгиев.
Според него, за пченица од која се прави леб се понудени 10 денари, плус превоз и ДДВ што е вкупно 11 денари. Се што е под овој критериум, ќе се откупува по пониска цена, додека за премиум класа цената може да биде и повисока зависно од договорот меѓу производителот и преработувачот.
Мелничарите ценат дека оваа година квалитетот на пченицата е подобар од очекуваното.
Денешната средба во Министерството е продолжение на претходните две и на неа, освен земјоделците и преработувачите, присуствуваат и претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспекторат за земјоделство.
Ново на Сител
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
