Мексико ја интензивира потрагата по нарко босот Гузман кој побегна од затвор

Мексиканските власти ја интензивираа потрагата за откривање и фаќање на нарко босот Хоаким Гузман, кој минатата сабота побегна од строго обезбедениот затвор во Мексико, низ еден тунел, долг 1,5 километри.
Министерството за внатрешни работи на Мексико соопшти дека во потрагата се вклучени над десет илјади полицајци, како и 48 специјално дресирани кучиња-трагачи.
На главните магистрални патишта се уредени повеќе од 100 контролни пунктови и препреки, полицијата ги проверува болниците и хотелите, а сите аеродроми имаат налог за строга проверка на идентитетот на патниците, посебно кога станува збор за полетувањето и слетувањето на приватните авиони.
Мексиканските власти тесно соработуваат со пограничните власти на САД и на Гватемала, каде е договорена засилена контрола на граничните премини.
Владата на Мексико распиша потерница по бегалецот Гузман и определи парична награда од 3,8 милиони долари за оној кој ќе помогне да се најде и врати во затворот.
Бегството на Гузман, водач на нарко-картелот Синалоа, од еден од најдобро обезбедуваните мексикаски затвори, претствува тежок и понижувачки удар за затворските власти, но и за мексиканската влада и за безбедносниот систем на земјата.
Гузман беше уапсен и осуден на доживотен затвор во 1993 година, а ова е втор пат како тој успева да побегне.Првиот пат, користејќи една количка со која се превезува облеката на затворениците за перење, а сега низ ископан тунел, кој од затворот водел право до една зграда во соседството.
Властите го прикажаа тунелот долг 1,5 километри, а висок 1,7 метри предизвикувајќи гневна реакција во јавноста за тоа, како било можно да се ископа еден ваков тунел, а да притоа никој ништо не забележи и не слушне.
По првото бегство во 2001 година, Гузман беше откриен и фатен кај границата со Гватемала, во февруари минатата година, поминувајќи 13 години криејќи се, главно, на мексиканската територија.
Нарко картелот Синалоа важи за еден од најмоќните криминални организации во Мексико, но со апсењетоа на Гузман, пред 22 години, ја загуби првичната моќ, во битката со новите групи и организации. Хоаким Гузамн, сепак, и понатаму се означува како мексикански „државен непријател број еден“.
Ново на Сител
-

Гренланд ја отфрли идејата на Трамп за испраќање медицински брод
-

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор
-

Како со децата со атипичен развој | Огњен Самарџиќ и Добрина Костовска | Sitel Podcast 139
-

Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
-

Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-

Виткоф: Преговорите за мировниот план за Украина би можеле да се одржат во рок од три недели
-

Возел со 203 километри на час наместо максимално дозволени 120, лишен од слобода возач на автопатот Неготино - Стоби
-

Германија планира да ја забрза интеграцијата на барателите на азил на пазарот на трудот
