-->
-->
Мексико и САД се меѓу фаворити на Меси за освојување на „Копа Америка’’
-->
Иако според многумина репрезентацијата на Аргентина важи за најголем кандидат за освојување на шампионскиот трофеј на Јужноамериканското фудбалско првенство, сепак првата ѕвезда на Аргентина, Лионел Меси смета дека има повеќе селекции кои може да го освојат „Копа Америка’’.
Меси го потенцира квалитетот на домаќинот САД како и репрезентацијата на Мексико.
„Фаворити? Поради САД и Мексико, битката за титулата ќе биде многу изедначена. Да, и тие се кандидати за титулата, не само затоа што американците се домаќини, туку затоа што имаа добра селекција“ - изјави фудбалерот на шпанската Барселона.
Меѓу селекциите кои секако имаат големи шанси да се борат за титулата Меси ги наведе и Чиле, Уругвај, но и Бразил, репрезентации кои секогаш биле во самиот врв на јужноамериканскиот, но и светски фудбал.
Аргентина во првата фаза од шампионатот односно Е група за противници ќе ги има селекциите на Чиле, Панама и Боливија, а првиот меч „Гаучосите’’ ќе го играат на 7 јуни во Санта Клара против Чиле. Инаку досега во 44-те изданија на „Копа Америка’’ фудбалерите од Аргентита 14 пати ја има освојувано титулата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива