-->
-->
Мексико: Бројот на загинати во земјотресот се зголеми на 58 лица
-->
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мексико се зголеми на 58 лица, соопшти Службата за цивилна заштита.
Директорот на службата, Луис Фелипе Пуенте изјави дека се потврдени 45 жртви од државата Оахака, десет во државата Чиапас и три во државата Табаско.
Властите предупредуваат дека се очекува бројот на загинатите да се зголеми.
Повеќе од 260 силни вторични потреси се регистрирани по катастрофалниот земјотрес со интензитет од 8,2 степена.
Некои од секундарните потреси биле со интензитет од 6,1 степен.
Епицентарот на разорниот земјотрес се наоѓал на 137 километри југозападно од градот Тонала во државата Чапас, на длабочина од 58 километри под површината на земјата, соопшти Националната сеизмолошка служба на Мексико.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Удрен пешак во Скопје
-
Повредени две деца и две жени, возач удрил во нивното возило и избегал
-
Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура
-
Од утре попладне пороен дожд и грмежи
-
Приведен дилер во Куманово
-
Приведен крадец во Маџари
-
Мицкоски најави прва инвестиција во вторник
-
Почна пленарната седница за избор на владата