Мексиканската Влада соопшти дека ќе го продаде луксузниот претседателски авион Боинг 787
Владата на Мексико соопшти дека ќе го продаде луксузниот претседателски авион Боинг 787 Дримлајнер, кој последен го употреби досегашниот претседател Енрике Пења Нието за патувањето до Буенос Аирес на состанокот на Г-20.
Авионот ќе полета од Мексико кон аеродром во Сан Бернардино, Калифорнија, каде ќе биде подготвен за евентуален купувач. Боингот го купи Владата на поранешниот претседател Фелипе Калдерон (2008-2012 година) за 218 милиони долари.
Новиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој положи заклетва во саботата, претходно на митинг во Халапа, во државата Веракруз, изјави дека неговата администрација „ќе ги продаде сите авиони и хеликоптери, кои ги употребувале корумпираните политичари“.
Државниот секретар за финансии Карлос Урсуа соопшти дека наскоро ќе бидат продадени 60 авиони и 70 хеликоптери кои се сопственост на Владата.
МИА
Ново на Сител
-
Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа и 11-ти во светот
-
Обвинение за криумчарење луксузни автомобили
-
Судски совет денеска избира нов претседател
-
Се трага по уште едно лице – возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар
-
Зеленски: Непредвидливоста на Трамп може да помогне да го запреме Путин
-
Дел од населбата Кисела Вода без вода
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во западните делови дожд и снег на планините
-
Возилото и три женски тела извлечени од Вардар | ВИДЕО