Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“

Меколи Калкин, детето-ѕвезда на првите два филма од серијалот „Сам дома“, наводно, разговарал со „Дизни“ за можно враќање во приказната.
Според наводите што новинарот Мет Белони ги објави во својот подкаст, продукциската куќа е заинтересирана за американскиот глумец како Кевин Мекалистер кој сега е родител.
Според замислата претходно претставена од самиот Калкин, навестеното продолжение би го следело возрасниот Кевин кој се соочува со проблеми во односите со својот палав, но досетлив и исто толку оригинален син.
„Дизни“ сè уште официјално не потврдува дека има нов филм во продукција, ниту дека Калкин потпишал договор. Тоа би било седми филм од приказната.
За потсетување, филмовите под наслов „Сам дома“ од 1990-тите се впишаа меѓу најголемите празнични божиќни хитови, а Калкин стана светска ѕвезда.
Натаму, третиот филм (со Алекс Прут во главната улога) има свои обожаватели, додека четвртиот, петтиот и шестиот добија значително послаби критики и не ја достигнаа популарноста на првите два дела, па евентуалното враќање на Кевин Мекалистер би претставувало голем носталгичен миг за милиони гледачи ширум светот.
МИА
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
