Меколи Калкин има идеја за продолжение на „Сам дома“

Американскиот глумец Меколи Калкин, познат по улогата на Кевин Мекалистер во „Сам дома“, неодамна изјави дека „не би бил целосно алергичен“ на замислата да ѝ се врати на својата убедливо најпозната улога.
– Тоа би морало да биде токму како што треба, но за среќа, имам идеја за продолжение во коешто би учествувал со задоволство… Или сум вдовец или разведен. Одгледувам дете и сè тоа. Работам многу и не му обрнувам доволно внимание, а детето ми се лути и ме заклучува надвор од куќата. „Малиот“ потоа не ме пушта внатре и почнува да ми поставува стапици, опишува глумецот.
Идејата на сега 45-годишниот глумец, за продолжение на изворната приказна од светски познатата семејна комедија, е Кевин – повеќе или помалку, да ги замени крадците, па гледачите да ги следат неговите обиди да се врати во куќата за време на празниците. Тој смета дека куќата, во овој случај, би била метафора за односот меѓу татко и син, каде што „таткото мора да го најде патот до срцето“ на своето дете.
Серијалот „Сам дома“ го претвори Калкин во една од најголемите детски ѕвезди во Холивуд во текот на 90-тите. Тој глумеше во првите два дела, – првиот од 1990. досега заработи над 476 милиони долари низ целиот свет, а вториот – 359 милиони долари.
После три не толку успешни продолженија без Калкин, „Дизни“, исто така – без главната ѕвезда, се обиде да ја оживее приказната во 2021 година со нов филм. Но, и тогаш, критиките не беа воопшто поволни.
МИА
Ново на Сител
-

Поранешен директор на ЦИА предупредува дека војната со Иран може да трае со месеци
-

Рубио: Не е променета политиката на САД кон Тајван
-

Хрватска доби заем од ЕУ во вредност од 1,7 милијарди евра наменет за модернизација на одбраната
-

Во Белград уапсен возач осомничен за обид за убиство при пробивање студентска блокада
-

Меѓаши: Ниту едно дете не смее да чека инцидент за да биде заштитено, над 8.000 ученици дел од активности за побезбедни училишта
-

Путин набрзо ќе ја посети Кина
-

ОЈО: Истрага за претседател на суд и судски администратор
-

Рокас: Има забрзување на процесот на реформите
