Мекејн: Скандалот со Трамп достигна размери на Вотергејт
Републиканскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека најновата афера со претседателот на САД, Доналд Трамп достигнала размерите на скандалот Вотергејт.
Мекејн вели дека тој „филм и претходно е виден“, додавајќи дека секој ден се појвуваат нови аспекти од аферата, пишува „Дејли бист“.
Сенаторот порача дека Трамп би требало се да изнесе во јавноста „бидејќи колку повеќе одложува, толку аферата подолго ќе трае“.
Мекејн нагласи дека е неприфатливо тоа што Трамп се состанал со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров во Овалната соба.
Весникот „Вашингтон Пост“ обвини дека Трамп при минатонеделната средба на Лавров му открил „строго доверливи информации“ за планиран заговор на џихадистите од Исламска држава, кои не биле пренесени ниту на сојузниците на САД.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет