Мекалистер предлага разговори на партиите во Србија и по изборите
Планот на известувачот на Комисијата за надворешна политика и на Европскиот парламент (ЕП) за Србија, Дејвид Мекалистер е дека разговорите меѓу власта и опозицијата ќе се одвиваат во две фази, се вели во писмото на Мекалистер до претседателот на Собранието, Маја Гојковиќ.
Во писмото во кое весникот „Данас“ имале увид, се истакнува дека прво ќе се организираат низа тркалезни маси во Собранието, со копретседавач – Маја Гојковиќ и претставник на ЕП, а освен парламентарните партии во дијалогот не се исклучува учество на експерти, како од ОБСЕ.
Темите на дискусијата би биле изборните услови, избирачките списоци, финансирањето на кампањата, набљудувачи, додека втората фаза од дијалогот ќе се одвива по изборите со фокус на меѓупартиски дијалог и градење доверба во процедури и практики, објави весникот Данас.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа