-->
-->
Меј смета дека не е време за втор референдум за независност на Шкотска
-->

Британската премиерка Тереза Меј смета дека сега не е време за втор референдум за шкотска независност, изјави денеска нејзин портпарол.
- Сега не е време за уште еден референдум и се нема желба за тоа, додаде тој.
Шкотската премиерка Никола Старџен изјави вчера дека повторно ќе биде разгледано уште едно гласање за независност на Шкотска кога британската Влада ќе понуди сигурност околу Брегзит. Таа минатата недела рече дека кога ќе биде јасен обликот на договорот за Брегзит меѓу Британија и ЕУ, тогаш ќе биде подготвена за повеќе детали за ставот на Шкотска за ново гласање за независност.
Шкотите на референдум во 2014 година гласаа за останување во Велика Британија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
