Меј ќе ги извести учесниците на Самитот на ЕУ за идниот статус на Европејците во Британија

Британската премиерка Тереза Меј, која ќе присуствува на Самитот на ЕУ во Брисел, ќе ги извести лидерите на земјите членки за планот на британската Влада околу идниот статус на државјаните на Унијата и за правата што Британија планира да им ги обезбеди на Европејците по Брегзит.
Статусот на државјаните на ЕУ, кои сега живеат и работат во Британија, откако земјата нема повеќе да биде дел од Унијата е едно од клучните прашања на започнатите преговори меѓу Лондон и Брисел, но и едно од досега најсериозните хуманитарна прашања во Европа.
Двете страни и претходно зборуваа дека проблематиката е нејасна, не само затоа што ЕУ (а и Британија) досега немале таква ситуација, туку и затоа што повлекува со себе бројни прашања за кои во овој момент нема одговор, посебно затоа што Британија по завршувањето на преговорите и целосното повлекување од Унијата, за 27-те земји членки ќе биде само „трета земја“.
Таков статус имаат сите држави кои досега не биле дел од Унијата, но Британија е 44 години членка, многу Европејци од Западот, а по 2004 година и од Истокот на Европа, се населени во Британија и веќе се стекнале со правата што им следуваат со самото тоа што од една земја-членка се префрлиле во друга.
Таквата нивна позиција сега се растура, затоа што се менува и статусот на Британија, но во овој момент се чини ниту Лондон, а ниту Брисел немаат определено прецизна позиција.
Според британски податоци, во Британија има околу три милиони ЕУ државјани, додека други 1,5 милиони се населени во земјите на Унијата, за чија судбина исто така ништо не се знае.
По изгласаниот референдум за Брегзит, Меј како нов премиер, им порача на своите европски партнери дека статусот на Европејците во Британија ќе биде онаков како што ќе биде оној на Британците во ЕУ.
Таа и тврдите „брегзитери“ од нејзината Конзервативна партија не се согласуваа со сугестиите на британската опозиција за тоа на сите Европејци, кои веќе се во Британија, да им се даде статус како на Британци и за тоа да се определи „последниот датум“.
Лондонските медиуми навестуваат дека определувањето на датумот, околу тоа кои државјани од ЕУ ќе бидат последните, што населувајќи се во Британија ќе можат да се стекнат со таков статус, е главното прашање за кое се верува дека денеска ќе се расправа на Самитот
Се очекува Меј да зборува во текот на работната вечера во Брисел, а за британските позиции за ова прашање се заинтересирани сите 27 земји на ЕУ.
Тие се заинтересирани за прашањата поврзани со пензијата, здравствената заштита и правото на жителство, со кои ќе се соочуваат нивните државјани кои работат и живеат на британска територија.
Посебно внимание покажуваат земјите членки од Источна Европа, главно Полска, чии над 850 илјади државјани се населени во Британија по 1 мај 2004, од кога оваа поранешна комунистичка држава стана членка на Унијата.
Ново на Сител
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
