Меј: Имиграцијата во Велика Британија ќе остане под 100.000 лица годишно
Британскиот премиер Тереза Меј денеска потврди дека останува на своето ветување да ја намали нетоа имиграцијата во земјата до под 100.000 лица годишно, пренесоа британските медиуми.
-Сакаме да видиме постојана нето имиграција во Велика Британија. Мислам дека тоа значи бројка помала од неколку десетици илјади , рече Меј.
Британскиот премиер подвлече дека излегувањето на земјата од Европската Унија ќе и овозможи да ги контролира своите граници што се однесува до луѓето кои доаѓаат како од ЕУ, така и од трети држави.
Тереза Меј изјавата ја даде во момент кога нејзините конзервативци ја пишуваат својата програма за предвремените парламентарни избори во земјата, закажани за 8 јуни.
Претходно британскиот премиер ги поддржа плановите на својот претходник на функцијата, Дејвид Камерон, нето имиграцијата во земјата да биде сведена до неколку десетици илјади лица годишно.
Британските весници, меѓутоа,ја лиферуваа хипотезата дека тоа ветување може да не биде вклучено во предизборната програма на владеачките конзервативци.
Нето имиграцијата во Велика Британија постојано е на околу три пати повисоко ниво од владината цел. Според последните годишни податоци, од февруари таа изнесува 273. 000 лица.
Ново на Сител
-
Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе
-
Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување
-
На аеродромот во Минхен приведени осум климатски активисти
-
Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци
-
Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата
-
ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“
-
Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан
-
123 санкционирани возачи во Скопје