Меј: И покрај Брегзит, Велика Британија останува посветена на безбедноста на Европа
Британската премиерка Тереза Меј се обврза дека и покрај напуштањето на Европската унија, Велика Британија ќе остане посветена на заштитата на европските држави од руска воена агресија и други закани како илегалната миграција или кибер нападите.
Меј ги посети британските војници распоредени во близината на градот Тапа во Естонија, во заедничка посета со францускиот претседател Емануел Макрон.
- Кога држава како Русија намерно ги прекршува правилата врз кои е заснован меѓународниот поредок, што напорно го изградивме, тогаш ние мораме да застанеме заедно со нашите сојузници и да го браниме меѓународниот систем. Обединетото Кралство е безусловно посветено на одржување на безбедноста на Европа, изјави Меј.
Естонија, која претседарелствува со Европскиот совет, организира самит за дигитална економија, при што повеќе европски лидери ја искористија можноста да ги посетат своите војници распоредени во рамките на четирите борбени групи во Естонија, Летонија, Литванија и Полска. Тапа е седиште на најсеверната од четирите борбени групи, каде се распоредени војници од Велика Британија, Франција и Данска.
Ново на Сител
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро