Меимаракис: Номинацијата за Нобел можеби е со лукава цел, но е чест за земјата

Номинацијата на Ципрас и Заев за Нобеловата награда за мир можеби има лукава цел, но несомнено, било кој грчки премиер да е номиниран, тоа е чест за земјата, вели поранешниот претседател на Нова демократија, а сега кандидат за европратеник, Евангелос Меимаракис во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА.
На прашањето дали е чест за земјата предлогот на 33 европратеници од 16 земји, за доделување на Нобеловата награда за мир на Алексис Ципрас и Зоран Заев, Меимаракис, меѓу другото ја повторува и позицијата на Нова демократија во однос на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
-Објавувањето на номинацијата за време на предизборен период дава впечаток дека можеби е со лукава цел. Но, предлогот за номинација за Нобеловата награда за мир за кој било грчки премиер, несомнено е чест за земјата. Што се однесува на Договорот од Преспа, Нова демократија, опширно ја има анализирано нејзината позиција и јасно стави до знаење дека не е во согласност со духот од Букурешт. Грчката влада брзаше, без да објасни зошто. Функционираше еднострано, без да се стреми кон национален консензус што беше и барање на поголемиот дел од грчкиот народ, вели Меимаракис за АНА-МПА.
Ново на Сител
-

Д-р Јасмина Ѓорѓиевска: Брзата тријажа и навремената проценка на изгорениците беа клучни во првите часови по трагедијата во Кочани
-

Без вода утре дел од корисниците на улицата Железничка и кај „Неуромедика“
-

Мнозинството Унгарци се против Зеленски: За Украина нема место во ЕУ
-

Грозданов: Благодариме за секој живот што успеавте да го вратите од работ на бездната, Кочани ви благодари
-

Во вторник ќе се реализира уште еден лет за евакуација на македонски граѓани од Блискиот Исток
-

Седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, три лица лишени од слобода
-

Вчера лишени од слобода 13 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило
-

Алиу од Кочани: Продолжува реевалуацијата на здравствената состојба на повредните во пожарот во кочански „Пулс“
