Меѓусебна престрелка на поддржувачите на Гуаидо и Мадурас
За време на митингот предводен од опозицискиот лидер во Венецуела, Хуан Гуаидо, пред воената база во Каракас, дошло до пукотници од страна на група луѓе во воени униформи кои се во придружба на Гуаидо и војниците кои го поддржуваат претседателот Николас Мадуро.
Претходно, венецуелските безбедносни сили фрлија солзавец на Гуаидо и неговата група.
Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.
Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.
– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече тој.
Ново на Сител
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична