Меѓународните набљудувачи ќе ги соопштат првичните наоди за изборите
Меѓународните набљудувачи денеска на прес-конференција ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци за гласањето на вчерашните предвремени парламентарни избори.
Мисијата е заеднички потфат на Канцеларијата за демократски институции и човекови права при ОБСЕ/ОДИХР, на Парламентарното собрание на ОБСЕ, на Парламентарното собрание на Советот на Европа и на Европскиот Парламент.
Првичните наоди и заклучоци ќе ги соопштат Роберто Батели, специјален координатор и предводник на краткорочната набљудувачка мисија на ОБСЕ, заедно со Штефан Шенах, шеф на делегацијата на ПССЕ, Азај Гулијев, шеф на делегацијата на ПС на ОБСЕ, Игор Шолтес, шеф на делегацијата на ЕП и Тана де Зулуета, шеф на мисија за набљудување на изборите на ОБСЕ/ОДИХР.
Шефот на набљудувачите од делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ Азај Гулијев вчера го посети Избирачкото место 5 во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Скопје. Тој најави дека прелиминарната оценка за текот на изборите ќе биде дадена денеска откако ќе се сублимираат забелешките и резултатите од целодневното набљудување на изборниот процес.
Меѓународната мисија за набљудување се состоеше од вкупно 337 набљудувачи од 42 држави, од кои 277 се долгорочни и краткорочни набљудувачи од редовите на ОБСЕ/ОДИХР, 26 парламентарци и друг персонал од ПС на ОБСЕ, 19 се од ПССЕ и 15 од ЕП.
Ново на Сител
-
Почна со работа Комисијата за правична застапеност во Собранието
-
Владата и банките во недела на преговори
-
Имотен лист на вашиот е-мејл за 10 секунди?
-
Тутунарите со свои очекувања
-
Борисов предложи коалиција за Влада - Парламентот не успеа да избере претседател
-
Загадениот воздух - Хроничен зимски проблем
-
Владата е свесна за проблемите со загадениот воздух
-
ВМРО-ДПМНЕ: Фалат 200,000 евра на Детска клиника