Меѓународниот кривичен суд најави истраги за воени злосторства во Авганистан
Главната обвинителка на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Фату Бенсуда денеска најави дека ќе бара отворање на истрага за воени злосторства изврешени во Авганистан.
Бенсуда не наведе кои страни ќе ги истражува, но во претходни извештаи, Судот како одгооврни за воени злосторства ги посочил како талибанските групи, така и армиите на Авганистан и на САД и ЦИА.
- По темелната првична истрага на состојбата, заклучивме дека правните критериуми засновани на Римскиот статут се исполнети и истрагата може да почне, соопшти Бенсуда.
Во извештајот на Бенсуда од 2016 година е посочено дека американската армија и ЦИА се одговорни во 60-на случаи на мачење во 2003 и 2004 година.
САД не е потписник на Статутот за формирање на Судот и не го признава неговиот легитимитет во случаи, кои се однесуваат на американските Вооружени сили.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?