Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

Меѓународната федерација за дијабетес официјално го призна дијабетес тип 5, помалку позната, но сериозна форма на болеста, јави Сајнс Алерт (Science Alert). Овој тип е поврзан со неухранетост и е различен од дијабетесот тип 1, 2 и 3.
Според извештаите, проблемот со дијабетесот тип 5 е предизвикан од неразвиен панкреас, што е резултат на долгорочна депривација на хранливи материи рано во животот.
Дијабетесот тип 5 првпат е откриен во 1955 година, на Јамајка, а досега постоело двоумење дали всушност постои и како треба да се дијагностицира и лекува. Се проценува дека од него можат да се зазболат до 25 милиони луѓе во светот.
Типот 5 дијабетес, ретка, но сериозна форма на болеста, поврзана со недоволна исхрана во детството. Овој вид на дијабетес се разликува од типовите 1, 2 и 3, бидејќи пациентите имаат недостаток на инсулин, но нивното тело не е отпорно на него. Тоа значи дека во некои случаи не е потребно користење инјекции со инсулин, туку се доволни орални лекови.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
