Меѓународна тркалезна маса за лексикографските трудови во Македонија
„Лексикографските трудови во Македонија“ е темата на тркалезната маса што ќе се одржи денеска во Конгресниот центар во Охрид, во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ ‒ Скопје.
Најавено е учество на меѓународни и домашни експерти од областа на лексикологијата и лексикографијата.
Тркалезната маса е под покровителство на ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски. Модератор ќе биде проф. д-р Снежана Велковска, долгогодишен раководител на проектот „Толковен речник на македонскиот јазик“ во шест тома и на Интенцијално-синтаксичкиот речник на македонските глаголи, исто така, во шест тома. Двата проекта се добитници на највисоките државни награди за наука.
- Имајќи предвид дека Семинарот за македонски јазик годинава одбележува петдецениски јубилеј, сакаме да дадеме наш придонес кон одбележувањето. На тркалезната маса ќе учествуваат дваесетина научни работници и универзитетски професори што ќе присуствуваат и на дводневната работа на Научната конференција и на свеченото отворање на јубилејниот Семинар за македонски јазик, литература и култура, вели проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот, кој е придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО